четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Позелена и урбана општина со нови инфраструктурни проекти на десетина локации во Аеродром

Позелена и урбана општина со нови инфраструктурни проекти на десетина локации во Аеродром

Во рамки на иницијативата за подобрување на условите за живеење и нашите заложби за градење функционална и модерна општина, на почетокот на оваа сезона започнавме амбициозен инфраструктурен проект за реконструкција на десетина улици на неколку локации во Аеродром, информира прес службата на општината Аеродром.

-На барање на граѓаните кои живеат во населбата Горно Лисиче, веќе привршува реконструкцијата на еден дел од улицата „Лисец“, што опфаќа промена и вградување на тампонски материјал и поставување нов асфалтен слој.

Проектот се реализира и во целост е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром. Инфраструктурните активности ова лето првенствено се насочени кон реконструкција на постојни и изградба на нови улици, изведба на нови паркови, спортски комплекси и плоштади на повеќе локации во Аеродром.

Со завршување на овие проекти сериозно ќе ја подобриме инфраструктурната во општината и ќе го унапредиме локалното и урбано живеење за граѓаните на Аеродром, информираат од таму.