петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прекината седницата во советот на град Скопје откако на Шилегов му се поставија прашања за кои избегнува одговор

Прекината седницата во советот на град Скопје откако на Шилегов му се поставија прашања за кои избегнува одговор

На седницата денеска за советнички прашања во советот на Град Скопје настана хаос откако Александар Трајановски, советникот од ГРОМ и портпарол на партијата го праша градоначалникот кои и каде се поставени чешмите во Скопје кои пред една година беа платени.

Градот Скопје континуирано од едно правно лице три години по ред врши набавки во висина од 2 милиони денари за 2019та, а набавките во 2020 и 2021 година се на ист ден идентични во висина од 4 милиони и 700 илјади денари.

Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци.

Токму поврзано со корпите за отпадоци и контејенерите беше второ советничко прашање на советникот Трајановски.

-Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој.

Трјановски напомена дека иста фирма со тројца вработени го кити Скопје за новогодишните празници, и истата фирма го кити Скопје со корпи за отпадоци, контејнери, продава терапија за коронавирусот на болницата 8ми Септември, а во времето што им преостанува сервисираат и продаваат пумпи и електро мотори.

По поставените прашања градоначаникот, Петре Шилегов не се јави за одговор, а за кратко потоа беше прекината Зум конференцијата на која се одржува седницата на совет на Град Скопје со образложение дека се прекинала конекцијата.