петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Примопредавање на градоначалничката функција во општина Илинден

Примопредавање на градоначалничката функција во општина Илинден

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот градоначалник Жика Стојановски.

Георгиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години.

Веднаш по примопредавањето на функцијата градоначалникот Георгиевски одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој подвлече дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.