сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Приватните превозници очекуваат од денеска да започне исплатата на долгот

Приватните превозници очекуваат од денеска да започне исплатата на долгот
фото илустрција

Приватните превозници од денеска очекуваат да започне исплатата на неподмирениот долг што кон нив го има Град Скопје. Минатата недела конечно беше постигнат договор со Градот Скопје, да се реализира исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра.

– Исплаќањето на долгот оди директно преку ЈСП кон нас возачите и ќе ги заобиколи фирмите кои не претставуваа, бидејќи мислењето на градоначалничката е дека премногу пари ни зимале. Признаена е целата сума и се очекува денеска да почне исплатата на сите превозници, изјави претставникот на приватните превозници во утринската емисија на МРТВ.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

Приватните превозници четири месеци не работат., а без примања се седум месеци, при што дел од возачите во меѓувреме мораа да бараат нови работни ангажмани. Сепак најавите се дека ќе се вратат сите претходни линии, автобуси и возачи до крајот на месецов, а со тоа и да ги снема гужвите во автобусите и доцнењата.

Градоначалничката Данела Арсовска на приватните превозници воедно им дала ветување на приватните превозници дека ќе биде субвенционирана обновата на возниот парк на приватните превозници.