Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на работните активности за имплементација на пролетната акција која се спроведува во соработка со сите претпријатија на Град Скопје, на ден 12.04.2022 год., во општина Гази Баба ги спроведе следните активности:
На бул.„Александар Македонски“ и ул.„Благоја Стефковски“ извршена е контрола на 85 шахти, рачно се исчистени 35 шахти, 110 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакум 150 м и прочистување со цистерна притисок 330 м.