сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Пукотници се слушаат од кровот на „Треска“: Целиот објект е во салонитки кои се канцерогени и опасни по здравјето и животот на луѓето!

Пукотници се слушаат од кровот на „Треска“: Целиот објект е во салонитки кои се канцерогени и опасни по здравјето и животот на луѓето!
ФОТО: Курир

Избувна силна експлозија кај фабриката „Треска“ по што црн густ чад го покри небото во реонот на Капиштец и Карпош, а потоа настана и пожар кој неконтролирано се прошири.

На терен се противпожарни екипи, полицијата и Брзата Помош.

Екипата на Курир е на терен од каде што се слушаат мали експлозии. Жителите од оваа околина во страв ги напуштаат своите домови и исклучуваат струја.

Пукотниците кои се слушаат од кровот на поранешната фабрика „Треска“, односно од салонитките претставуваат сериозна закана по животот и здравјето на луѓето, а се и канцерогени.

Инаку, како пример поради горенаведените причини во целиот свет овие материјали се вадат и носат далеку од голема фреквенција на луѓе!