Комуналните служби на општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези.
Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал.
-Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување. Нашите инспектори се постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот, се наведува во соопштението на општина Карпош.