петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Реализирани активности на ЈП Улици и патишта Скопје за работната акција во општина Гази Баба

Реализирани активности на ЈП Улици и патишта Скопје за работната акција во општина Гази Баба

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во големата пролетна работна акција во општината Гази Баба за денес 12.04.2022 ги извршија следниве активности:

Санирани ударни дупки со предходно машинско гребење на оштетените делови асфалт во вкупна површина од околу 100м2.

Санацијата на ударни дупки е извршена на улица Перо Наков во насока од семафорите кај Супер Тинекс до пругите кај МЗТ во површина од 70м2 и на булевар Киро Глигоров кај ФОН Универзитетот во површина од 25м2..

Одговорните лица за одржување на сообраќајната сигнализација извршија обнова на вертикалната сигнализација и поставија три нови сообраќајни знаци на булеварот Киро Глигоров. Исто така извршена е и контрола и обиколка и утврдени се недостатоци на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општина Гази Баба кои ќе бидат санирани во текот на овие денови.