петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“

ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве го реконструираа оштетениот дел на пешачката и на велопатеката на улицата 16 Македонска бригада, односно пред кружниот тек во населба Железара.

При реконструкцијата извршен е ископ на оштетениот асфалт на дел од површината, отстранети се и оштетените бекатон плочи, а потоа се поставени рабниците, тампон слој и нова асфалтна маса на површина од 550 квадратни метри.

За асфалтирање на овој дел од патеките употребени се 90 тони асфалтна маса. Во текот на реконструкцијата на оваа површина, екипите ги санираа и оштетувањата на пристапната патека кон Паркот на природата Гази Баба со површина од 250 квадратни метри. Со санирањето на оштетените површини се овозможува безбедно движење на пешаците и на велосипедистите во овој дел на градот.