сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата [email protected]

Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300.

Од Град СКопје информираат дека најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

-Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, велат од Градот.