вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ристовски: Со Георгиевски, Илинден го очекуваат успеси и на генерален и на спортски план

Ристовски: Со Георгиевски, Илинден го очекуваат успеси и на генерален и на спортски план

Ми беше чест и задоволство, што сум денеска гостин кај Александар во Општина Илинден. Разговаравме за сите оние проблеми кој што ги има Општина Илинден, во делот на спортот и каде што можеме да промениме многу, истакна за медиумите, Борко Ристовски, претседател на комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека општина Илинден е една општина каде што и претстои една поубава иднина и тоа на генерален план, но и на спортски план.

– Мислам дека Александар е човекот за тоа, и затоа сите треба да се обединиме околу него, затоа што навистина се работи за еден чесен кадар, чесно момче, кое што сигурно може да помогне во општината, и на спортски план да направи едно поубаво место за живеење, додаде Ристовски.