недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Родителите донесоа одлука: Од утре бојкот на наставата во ООУ „Његош“ во Колонија, Гази Баба

Родителите донесоа одлука: Од утре бојкот на наставата во ООУ „Његош“ во Колонија, Гази Баба

Попладнево од страна на родителите на учениците од ООУ „Његош“ во Колонија, општина Гази Баба е оддржан состанок на кој е формиран иницијативен одбор кој во следниот период ќе ги изнесува барањата во името на сите родители.

На денешниот состанок на кој присуствуваа повеќе од 300 родители на ученици во ООУ „Његош“, донесена е едногласна одлука од утре 26.09.2023 година, ДА СЕ БОЈКОТИРА наставата во ООУ „Његош“.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

„Оваа одлука на родителите доаѓа по големиот притисок кој министерот за образование и наука Јетон Шакири го врши со цел отворање на нови паралелки во рамките на училиштето.

Нашите деца поради недосток на просторни услови настава посетуваат до 17:00 часот попладне, а со воведување на нови паралелки наставата ќе трае до 21:00 часот.

Нема да дозволиме нашите деца да се вратат во 19 век и да посетуваат настава во вечерни училишта.

Ги повикуваме сите родители на ученици кои посетуваат настава во ООУ „Његош“ без разлика на верска, етничка или било каква друга припадност да ни се приклучат на бојкотот.

Вооедно ја известуваме јавноста дека и утре 26.09.2023 година од 07:00 до 08:00 часот наутро ќе протестираме пред влезот на училиштето ООУ „Његош“ во Колонија.

За нашите деца се работи и нема да отстапиме!

Министерот да се откаже од притисоците или настава во ООУ „Његош“ НЕМА ДА ИМА“!