петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Санација и обнова на сообраќајната опрема и сигнализација во општина Аеродром

Санација и обнова на сообраќајната опрема и сигнализација во општина Аеродром

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денес во рамките на пролетната работна акција во општина Аеродром ги санираа средишните жардињери на булеварот Јане Сандански во должина од 26 метри и поставија нови заштитни столбчиња на булеварот Србија спроти хотел „Хилтон“ кај паркчето „Авион“.

Извршена е контрола и обиколка на семафоризираните крстосници во Аеродром и санирани се недостатоците на светлосната сигнализација и тоа на крстосниците бул.Кузман Јосифовски Питу со бул.Јане Сандански и к-ца ул.Васко Карангелевски со бул.Јане Сандански, каде се заменети со нови, оштетените сенилата на висечките лантерни ф-300 на семафорите.

Во текот на вчерашниот ден активности се одвиваа на улицата Февруарски Поход во општина Аеродром. Извршена е санација на оштетените бехатон плочи на пешачките патеки од улицата кај бензиската пумпа „Макпетрол“ и на патеката спроти ОУ„Ѓоргија Пулевски“ во вкупна површина од 23 метри квадратни.

Обележани се две автобуски постојки на улицата Февруарски Поход и обновена е вертикалната сигнализација со 7 исправени и 2 нови сообраќајни знаци.

Беше извршена и санација на недостатоците на семафорите кај „Мајчин Дом“ односно крстосница бул.Јане Сандански со ул.Васко Карангелевски и на крстосницата ул.Фрањо Круз со булевар Кузман Јосифовски Питу.