Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на сите улици во Пржино. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го промовираше овој, четврт од седумте капитални проекти кои се реализираат по повод роденденската недела на Општина Кисела Вода, кој носи бенефит на жителите на оваа урбана заедница, но и на 30 проценти од населението кое ги користи во своето секојдневие. Се работи за обнова на патна инфраструктура во должина од над 6 километри, односно над 12 илјади квадратни метри. Улици на кои никој не интервенирал децении наназад. Сериозен проект вреден преку 13 милиони денари кој е дел од градежната офанзива што и’ се случува на општина Кисела Вода. Имено, во моментов, после само седум месеци од доаѓањето на новото раководство на Општината, се обновува патна инфраструктура во должина од над 14 километри.
Инаку, вчерашната роденденската прослава на Општина Кисела Вода на која започна и културното лето, помина во одлична атмосфера и со масовна посетеност. Околу 3500 луѓе во паркот “Македонија” уживаа до полноќ во концертите на Филип Шурбевски ЕЗГИЈА КВАРТЕТ, Ефто Пупиновски и на Влатко Лозановски ЛОЗАНО.
Вториот ден од роденденската прослава на општината е посветена на талентираните ДНК, ТЕА ТРАЈКОВСКА како и ДИЏЕЈ ОГИ.
Со почеток во 20 часот на истата локација, Парк Македонија (до Дом за Култура „Билјана Беличанец“ (старо кино), посетителите ги очекуваат звуците на најдобрите хитови на македонската забавна музика. Програмата за вечерва изгледа вака:
2 ДЕН – КУЛТУРНО ЛЕТО 2022 | 30 јуни 2022 (четврток)
• ПАРК МАКЕДОНИJА •
20:00 часот | Сет на ДиЏеј Оги
21:00 часот | Концерт на Теа Трајковска
22:00-00:00 часот | Концерт на ДНК