понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите

Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите

Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта извршија санација на крупните оштетувања на коловозите на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди.

-На пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски извршена е подготовка за семафорска инсталација, а на повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација, информираат од Градот.

Екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и вршат замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.