петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Санкционирани 61 возач на територијата на Центар во Скопје

Санкционирани 61 возач на територијата на Центар во Скопје

Во текот на вчерашниот ден Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Центар во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.

При контролата санкционирани се 61 возач, од кои шест за возење без возачка дозвола, осум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени се 12 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.