недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СДСМ го наруши изборниот молк во Гази Баба (ФОТО)

СДСМ го наруши изборниот молк во Гази Баба (ФОТО)

Во периодот на траење на изборниот молк за утешните претседателски избори, во владејачката партија СДСМ со своите активисти сториле прекршување на изборните прописи, делејќи флаери и со поставување изборен банер во Гази Баба, информираат жители од оваа скопска општина.

Според информациите кои стасаа до НетПрес, градоначалникот на Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски, од саботата рано утрото со службен автомобил „шкода октавија“ ги посетил населбите Ченто и селото Синѓелиќ. Таму, според истите извори, се обидува преку коалициските партнери да агитира кај албанските ибирачи кои гравитираат на територијата на општината да гласаат за кандидатот на неговата партија Стево Пендаровски.

Според Изборниот законик, од полноќ кон саботата започнува изборниот молк до кога треба да заврши изборната кампања на двајцата кандидати за претседател.  За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список.

Дополнително прекршување на молкот е фактот што баш денес асфалтираат улици во оваа општина. Градоначалникот од СДСМ во изминативе година ипол не најде време да работи, па тоа го прави денес, баш кога не смее.