сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СДСМ поставува плакати на државен имот (ФОТО)

СДСМ поставува плакати на државен имот (ФОТО)

Само две недели нè делат од денот на локалните избори 2021 година. Партиите со почеток од 27-ми септември ја започнаа изборната кампања со митинзи, средби со граѓани, промовирање на кандидати за градоначалници и слично.

Големи плакати на кандидатите за градоначалници на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов и на општина Центар, Горан Герасимовски, се поставени на зградата на дирекцијата на ПОЦ.

Станува збор за досега невиден потег во користење на објекти на државни и градски институции да се користат во предизборна кампања, надвор од законот и без основа се претворени во партиски огласувачи. Исто така, се поставува прашањето кој дал дозвола партиски реклами да се поставуваат на државни објекти.