Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт. Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.
Со овој инфраструктурен зафат ќе се реши проблемот со коловозот кој претходно беше во лоша состојба. Поради градежните активности, сообраќајот ќе се одвива отежнато, за што замолуваме за трпение и поголемо внимание од страна на учесниците во сообраќајот.