вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се чисти коритото на Сува Река во Текија и Дељадровци

Се чисти коритото на Сува Река во Текија и Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на честење на речните корита. Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3400 метри. Исто така, извршено е машинско чистење на сисавец на Топлик, во локалната економска зона Илинден во должина од 1000 метри, како и машинско чистење на сисавци на канал Топлик во локалната економска зона Ограѓа, во должина од 2000 метри.

Во кординација со ЈКП „Илинден“ во населба Илинден, Марино и Кадино извршено е рачно косење на канали ендеци покрај патишта од прва категорија, во должина од 3000 метри.

Според градоначалникот Александар Георгиевски, редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали и речните корита останува еден од приоритетите на Општината. Со оглед на високото ниво на подземните води на територијата на Општината, со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.