вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се огласи директорката која прашуваше Фејсбук астролог за втор мандат: „Ми е битно да добијам затоа што сум способна“

Се огласи директорката која прашуваше Фејсбук астролог за втор мандат: „Ми е битно да добијам затоа што сум способна“

Како што претходно објавивме, директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ праша дали ќе добие втор мандат.

ФОТО: Директорка од СДСМ прашува фејсбук астролог дали ќе добие втор мандат

Таа за ММС се огласи по повод оваа вест и изјави:

– Знам зошто ме барате! Каква фама се дигна што сум прашала дали ќе добијам втор мандат?! А зошто да не добијам? А и да не добијам големо чудо, професијата никој нема да ми ја земе “, рече Матилда, која сето тоа го направила од забава, заедно со другарка и. Со другарка ми се шегувавме. Јас не знаев што да прашам и таа вели прашај за втор мандат. Ама бидејки беше во живо, а многу се јавуваа коментарот копиран отиде неколку пати. Интересно ми беше. И што е тука страшно, не ми е јасно? Има ли некој кој не чита хороскоп? Има ли некој кого не го интересира што кажуваат ѕвездите? Ама им благодарам на сите, поубава реклама не можеа да ми направат и да платев, вели Бајкова, која во ова школо е директорка од 2018 година.

На прашање зошто толку и е важно да добие втор мандат, Бајкова одговори:

– Ми е битно, затоа што сум способна. Го дигнав училиштето од нула. Беше непознато, а сега е најпознато со 11 меѓународни збратимувања, со проекти, со награди. Заслужувам да бидам зашто го водам беспрекорно. А ако и не бидам директор, пак, ќе кажам, големо чудо, не можат да ми ја земат професијата и титулата. Искрено ми значи да имам втор мандат токму заради успесите на школото. Но, ако ме смени новиот градоначалник нека ме смени, вели таа.