вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се отвораат летните ноќни клубови во Скопје

Се отвораат летните ноќни клубови во Скопје

Здружение на летни ноќни клубови на Скопје информира дека се враќа ноќниот живот во главниот град.

-Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат, нагласуваат од Здружението.

Оттаму изразија багодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за Економија Крешник Бектеши кои, како што велат, придонеле да добијат дозволи за работа за 2022 година.

-Ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ. Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови, се наведува во соопштението на Здружение на летни ноќни клубови на Скопје.