Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, 23 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 24 за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се десет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, 10 за користење мобилен телефон при управување возило, две за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 49 санкции за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.