Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве почнаа со реконструкција на оштетената пешачка патека на улицата Љубљанска во општина Карпош. Пешачката патека се реконструира на површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар Партизански одреди до булеварот Илинден.
Во рамките на градежните активности, досега е завршен потегот на пешачката патека кај Сити Мол, каде што се асфалтирани 400 квадратни метри во насока од булеварот Партизански Одреди до крстосницата со улица Волгоградска и поставени се заштитни столпчиња со цел да се спречи непрописно паркирање.
Градежните активности за реконструкција продолжуваат на вториот дел од улица Волгоградска кон улица Разловечко Востание.
Со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот.