недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Се решава проблемот со отпадните води, ќе се гради пречистителна станица во Орман

Се решава проблемот со отпадните води, ќе се гради пречистителна станица во Орман

Во општина Ѓорче Петров се одржа официјална Мониторинг Посета во рамките на проектот за Прекугранична Соработка- Косово – Република Македонија, финансиран од IPA II Програмата на Европска Унија.

Како што информира градоначалникот Александар Стојкоски преку оваа програма општина Ѓорче Петров во партнерство со општина Ново Брдо од Косово користат Грант средства за реализација на проектот “Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион”.

-Со овој проект ќе се изгради пречистителна станица во с. Орман и ќе се реши проблемот со отпадните води во овој дел на општината, пишува Стојкоски.