сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се уредува зеленилото по должината на булеварот Србија

Се уредува зеленилото по должината на булеварот Србија

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве хортикултурно ги уредуваа средишната жардиниера и десниот коридор на булеварот Србија, на потегот од улицата Христо Татарчев до булеварот Борис Трајковски. На овие јавни зелени површини со вкупна површина од 670 квадратни метри е нанесена плодна земја, а обновени се системот за полевање и тревникот. Денеска, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на оваа локација засадуваа зимзелени садници од видот туја.

-Според проектот, новоформираниот зелен појас на булеварот Србија покрај зимзелените садници ќе го красат и листопадни грмушки. Избраните видови садници што ќе ја разубават оваа локација имаат отпорност на издувни гасови и аерозагадување, со оглед на тоа што станува збор за високо фреквентна сообракајница. Исто така, избраните видови садници нема да ја попречуваат видливоста на коловозот за учесниците во сообракајот, информираат од Град Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги продолжуваат активностите за собирање лисја, отпадоци и хартија од зелените површини, а започнаа и со садење цветен расад од видот виола во цветните леи низ градот, како и копање дупки по должината на булеварите како подготовка за пролетното садење.

Со зеленило деновиве се уредува и јавна површина од 1.496 квадратни метри на улицата Бутелска.