среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шаќири за ТВ21: Актуелното раководство на Скопје е виновно за она што се случува во моментов, време е за промени

Шаќири за ТВ21: Актуелното раководство на Скопје е виновно за она што се случува во моментов, време е за промени

Бени Шаќири, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата на ДОМ и ЛДП „Одлучно за промени“, беше соговорник во „10 МИНУТИ“ на ТВ21.

Шаќири кажа дека мотив за тоа што се кандидирал за градоначалник е катастрофалното водење на градот од актуелното раководство, и дека ништо не е остварено од ветувањата од пред четири години.

-Секој човек може да отвори од програмата која ни беше ветувана и понудувана, ќе увиди дека е остварено 2-3%. Освен задоцнетото уривање на Универзална сала и овој мост во Карпош 4, друго ништо не е направено. Затоа како прв и основен капитален проект на „Одлучно за промени“ е промена на актуелното раководство на градот, да ги победиме, затоа што се виновни за она што се случува. Никаква промена, лоша инфраструктура, ѓубре насекаде, загадувањето не е мрднато од мртва точка, иако актуелниот градоначалник милува да каже дека имало поквалитетен воздух, што не е точно. Има многу работи кои не се направени, а кои ни беа мотив да ја формираме оваа коалиција и мојата кандидатура за градоначалник, рече Шаќири.