Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со кандидатот за Градоначалник на Општина Шуто Оризари Ферат Асан вечерва одржаа маалски средби со граѓаните од оваа општина.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардињери.
-СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ќе ги креираме мерки и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.