Советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ на денешната седница каде се поставуваа советнички прашања го праша градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов зошто ги нема пријавено двата автомобиле марка Ауди во Антикорупциската комисија како негова сопственост за што има и законска обврска.
-Минатава недела се случи инцидент каде што МВР излезе со образложение дека автомобилот на Шилегов и оној на неговата сопруга имаат оштетувања. Јас го отворив вашиот анкетен лист тој е достапен, и може да се утврди дека немате пријавено вакви возила во вашиот анкетен лист. Кој е сега во право, МВР или пак вие сте во право?, праша Колариќ.
На ова Шилегов одговори дека неговиот автомобил е во сопственост на неговото адвокатско друштво во кого работат 16 луѓе и затоа новиот автомобил, кој е на лизинг не е пријавен во антикорупциската комисија.
Вториот автомобил Ауди бил во сопственост на неговата сопруга, но не објасни зошто тој не е пријавен во Антикорупциската комисија иако постои законска обврска за тоа.
Градоначалникот Шилегов иако често во своите обраќања знае да каже дека претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ било режим, во тој период од неговиот анкетен лист каде не се наведени автомобилите може да се види дека семејството Шилегови се стекнало со 4 стана, куќа, благородни металии уметнички слики во вкупна вредност од 11 милиони денари. Половина милион евра има и долгови за кредити.