вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СКАНДАЛ: На градоначалникот на Гази Баба воопшто не му е грижа за загадениот воздух

По предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бурно против предложеното реагираше градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски кој побара мерките за загадувањето да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници на што мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не се согласи.
СКАНДАЛ: На градоначалникот на Гази Баба воопшто не му е грижа за загадениот воздух

За денес во 12 часот беше закажана 5-тата седница на Советот на Општина Гази Баба. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија како мнозинство во Советот предложи дневниот ред на седницата да се дополни со точка за превземање на мерки за загадувањето на амбиенталниот воздух.

По предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бурно против предложеното реагираше градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски кој побара мерките за загадувањето да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници на што мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не се согласи.

Потоа градоначалникот Георгиевски спротивно на Законските прописи нареди на Општинската администрација да ја напушти седницата на Советот заедно со Советничката група на СДСМ и Коалицијата, додека во салата останаа единствено советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остро реагира и го осудува чинот на Градоначалникот Борис Георгиевски со кој ја блокира работата на Советот на Општина Гази Баба.