петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопјани, бидете одговорни: Викендов се запалени неколку контејнери, одржувајте ја јавната хигиена! (ФОТО)

Скопјани, бидете одговорни: Викендов се запалени неколку контејнери, одржувајте ја јавната хигиена! (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд беа опожарени осум садови за одлагање на комунален отпад поставени на јавните површини во Скопје.

Од непознати сторители се запалени три контејнери со зафатнина 3,2 м3 кои се наоѓаат на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на Бит пазар, а покрај опожарените кај Бит пазар, целосно изгореа и четири контејнери, додека еден е изгорен и во Дебар Маало.

-Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад, реагираат од Град Скопје.

Опожарените контејнери се заменети со нови, се со цел зачувување на животната средина и одржување на јавната хигиена на високо ниво.