На 16.09.2021 (четврток), во Скопје ќе се одржи Меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово .
Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.