среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 114 казнети возачи, 37 за брзо возење

Скопје: 114 казнети возачи, 37 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.