среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 143 сообраќајни прекршоци

Скопје: 143 сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за користење мобилен телефон при возење…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.