петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 162 санкционирани возачи, 66 за брзо возење

Скопје: 162 санкционирани возачи, 66 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.