понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 189 санкционирани возачи, 40 за брзо возење

Скопје: 189 санкционирани возачи, 40 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречена е 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.