вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 215 казнети возачи, 74 за брзо возење

Скопје: 215 казнети возачи, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, сообраќајна контрола.