Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 15 мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.