петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СКОПЈЕ ВО КОЛАПС – граѓаните не можат да се вратат дома, на сообраќајниот хаос му нема крај, во понеделник уште помасовен протест! (ВИДЕО)

СКОПЈЕ ВО КОЛАПС – граѓаните не можат да се вратат дома, на сообраќајниот хаос му нема крај, во понеделник уште помасовен протест! (ВИДЕО)

Скопјани попладнево не можат да се вратат дома.

Стотици граѓани со своите автомобили не може да се одглават во строгиот центар на градот, кај Народна Банка поради тамошниот хаос и раскопан булевар.

Градоначалничката Арсовска со денови не го асфалтира булеварот, а граѓаните секојдневно се измачуваат да стигнат на своите работни места, особено да се вратат дома низ него.

Со исти проблем се соочуваат и граѓаните кои се превезуваат со автобусите на ЈСП, тие во место чекаат и до половина час.

Гужви има и во Автокоманда, Центар, Аеродром и Карпош.

Приватните превозници во понеделник најавија уште помасовен протест и колапс на главниот град!