понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопската полиција казни 102 возачи

Скопската полиција казни 102 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, осум за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.