Утре градоначалниците од скопски плански регион ќе заседаваат и ќе одлучуваат за проблемот со Комунална хигиена Скопје и градот Скопје по крахот со сметот во главниот град.
Изјави за медиумите ќе бидат дадени во 10:40 часот, а се очекува да се произнесат за состојбите и да изнајдат решение за актуелната состојба.
Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ ноќеска повторно излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.
На протестот околу 1 часот по полноќ се појавила и директорката Косана Мазнева која со полициска асистенција инсистирала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа.
Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана била и полицијата
И покрај убедувањето да се вратат на работа вработените одбиле со образложение дека немаат намера да отстапат од нивните барања.
По средбата на која присутвувала и полицијата, директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.