Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје.
Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме! Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме, истакна Трајко Славески, носител на советничката листа за Град Скопје на вечерашниот митинг во општина Гази Баба.
Славески порача дека на скопјани му се потребни проекти, а не празни ветувања.
-На Скопје му се потребни проекти. Вистински, реални и остварливи. Не само списоци на желби и празни ветувања за мегаломански зафати. Не само мостови кои не водат никаде. Ние се зафаќаме со решавање на вистинските проблеми на граѓаните, вели Славески.
Славески ја побара поддршката од грашаните на Гази Баба, на 17ти октомври да излезат да го заокружат бројот 7 за Бобан Стефковски, за советот на Храд Скопје, како и поддршка за Данела Арсовска со заокружување на бројот 82 за модерно Скопје.