вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Слобода превоз“ ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје

„Слобода превоз“ ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје
фото илустрција

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ попладнево преку соопштение информира дека компанијата, по однос на информацијата за раскинивање на договорот помеѓу Град Скопје и Слобода Превоз, ќе ја оспори таквата одлука и ќе поведе спор пред надлежниот суд.

Во соопштението се додава и дека „што се однесува до вториот дел од соопштенито на Град Скопје, уште еднаш повикуваме да не се изнесуваат лаги и невистини во јавноста и да се знае дека Слобода Превоз НЕ ПРОТЕСТИРА И НЕ БЛОКИРА СООБРАЌАЈНИЦИ“.

„Протестите и блокадите се од страна на СИТЕ приватни превозници кои се учесници во јавниот линиски превоз во Град Скопје , тоа се оние на кои ЈСП им должи пари, а Градот ги исклучува од превозот одземајќи им ги стекнатите права преку кои остваруваа приходи за егзистенција. Укажуваме и на фактот дека сите вакви избрзани и непромислени постапки и изјави кои ги слушавме изминатот период само ја влошуваат и така лошата состојба и провоцираат на поголем револт кај приватните превозници и не допринесуваат кон смирување на тензичните состојби туку истите сметаме дека ќе ги радикализираат. Слобода Превоз и понатаму останува да биде онаа која ги обединува , ги застапува и ги брани нивните интереси“, се вели во соопштението.