Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.
Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.
Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.