вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СООБРАЌАЈКА КАЈ МАВРОВКА: Четири лица итно пренесени во Градската болница, центарот на Скопје во хаос (ФОТО)

СООБРАЌАЈКА КАЈ МАВРОВКА: Четири лица итно пренесени во Градската болница, центарот на Скопје во хаос (ФОТО)

Сообраќајна несреќа во која учествуваа пет возила буквално го парализираше центарот на Скопје. Сообраќајката се случи кај Трговскиот центар Маврова, а поради тоа се забележуваат големи гужви во главниот град.

ФОТО: 360 степени
ФОТО: 360 степени
ФОТО: 360 степени

– Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи на раскрницата кај трговскиот центар „Мавровка“.

Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР.

Повредените се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите.