26 јули 1963 година, 05:17 часот, разорен земјотрес го сруши #Скопје. И Скопје одново и одново ќе никне, ќе израсне, и ќе се возобнови, бидејќи градот Скопје е повеќе од обичен град, тоа е местото на нашите животи, на нашите спомени, на заедничкото детство. Скопје градот на солидарноста, Скопје како симбол на хуманоста и човечноста, стои на Фејсбук страницата на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.
-Градот Скопје повеќе од се заслужува да се развива, да се унапредува, да биде дел од светски случувања. Бидејќи Скопје е симбиозата на европската и светска солидарност. Крикот од утрото пред точно 55 години потсеќа колку може да биде разорна природата, но и колку може да биде поголема хуманоста. Денес може да се каже дека Градот Скопје заслужува повеќе, Скопјани заслужуваат повеќе, заслужуваат одговорно управување, почитување, преданост, но повеќе од се, заслужуваат посветеност и решенија на секојдневните проблеми, велат советниците и додаваат:
„Градот мора да се развива и градот мора да им служи на потребите не неговите граѓани. А скопскиот земјотрес е потсетник колку може да се загуби, но и дека ништо не е невозможно ако се има цврста волја, желба за победи, хуманост и човечност“.