четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советот на Град Скопје ќе се дигитализира со нов конференциски систем за гласање

Советот на Град Скопје ќе се дигитализира со нов конференциски систем за гласање

Реконструкција на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Општина Гази Баба, изградба на нова улица „Македонско Косовска Бригада“ крак 18 во Шуто Оризари и проект за изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општина Сарај, како и проект за пет километри улици во Усје, најави денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Ова, како што посочи Арсовска, се само дел од дополнителните проектите кои ги доставила до Советот на Град Скопје за седницата на 31 август.

– Ова се само дел од поприотритетните одлуки што се доставени до Советот и се надевам дека веднаш по седницата ќе можеме да пристапиме кон нивна реализација, изјави Арсовска.

Во насока на поголема транспарентност во работат, Арсовска, најави дека Советот на Град Скопје ќе се дигитализира со нов конференциски систем за гласање, со што граѓаните ќе може да имаат увид во гласањето на советниците.

Градот Скопје, како што посочи Арсовска, веќе работи на првиот од петте нови паркови во Скопје, во општината Ѓорче Петров, како и дека е започнато со реконструира улицата Скоевска во Бутел, а потсети и дека е започната акција за чистење на коритото на Вардар, како и на Усјанскиот канал.