понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советот на општина Сопиште бара од донаторот на спомен обележјето Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општината

Советот на општина Сопиште бара од донаторот на спомен обележјето Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општината

Советот на општина Сопиште, на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука со која бара од донаторот на спомен обележјето Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општина Сопиште, по што истиот ќе биде поставен на територијата на општина Сопиште.

-Предлог локацијата е на самиот влез кај големиот Кружен тек на патот за Сончев град. Истата активност нема да биде на финансиски товар на општината, односно за спомен обележјето е веќе изработено, а за изработка на постаментот ќе бидат побарани донатори кои ќе имаат волја да помогнат. Споменикот на Андон Ќосето нема да дозволиме да биде стопен. Тој гордо ќе биде поставен во општина Сопиште, а граѓаните на општина Сопиште ќе имаат спомен обележје од овој значаен историски лик. Ние како општина покажуваме, за разлика од други дека приоритет даваме на изградбата а не на рушењето, истакна денес Јане Мицевски, Претседател на Советот на општина Сопиште.

Тој вели дека оваа иницијатива потегна од самите жители на општината, која преку денешната седница на Советот ја поднесоа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.