среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Средношколците ќе добијат времени билети за бесплатен превоз во училиште

Средношколците ќе добијат времени билети за бесплатен превоз во училиште

ЈСП Скопје ги информира учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

-Потсетуваме дека средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии, информира ЈСП.