Во Општина Илинден продолжува традицијата, среќникот што го фати Богојавленскиот крст што свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ го положија во водите на езерото на хотелот Белви по повод Богојавление-Водици, да ја посети Општина Илинден.
Годинава таа чест ја имаше 31 годишниот Дејан Ристовски, од н.м. Марино, кој на големо задоволство на градоначалникот Жика Стојановски и администрацијата го донесе крстот во просториите на Општина Илинден.
Градоначалникот Стојановски му се заблагодари на Ристовски за посетата на Оштината со верба дека Богојавленскиот крст ќе донесе здравје, радост, среќа, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден.
Дејан Ристовски кој за прв пат го фати крстот во своето петто учество на манифестацијата, не ја криеше радоста дека конечно му се остварила големата желба. Тој на градоначалникот, на вработените во локалната самоуправа, како и на сите граѓани на Општина Илинден им посака Богојавленскиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.
Општина Илинден и црквата „Св. Константин и Елена“, традиционално, веќе 11-та година по ред по повод Богојавление-Водици, организираат положување на крстот во водите на езерото на хотелот Белви. Она што посебно радува е податокот што во одбележувањето на овој голем православен празник од година во година учествуваат се поголем број верници.